Талибанците: Ќе ги казниме одговорните за нападот на аеродромот

од Nikola Popovski
319 прегледи

Радикалното талибанско движење остро ги осудува експлозиите во Кабул и ветува дека ќе ги казни одговорните за нападот, изјави претставникот на движењето, Забихуала Муџахид.

-Исламскиот Емират на Авганистан остро ги осудува експлозиите што се случија во областа на аеродромот во Кабул, каде американските сили се одговорни за безбедноста и заштитата на нивните луѓе. Сите сторители на ова злосторство ќе бидат најдени и строго казнети“, напиша Муџахид напиша на Твитер.

Треба да се потсети дека во две експлозии во близина на аеродромот во Кабул загинаа околу 40 луѓе, додека повеќе од 100 беа повредени. Меѓу нив има американски државјани. Нападите беа извршени од бомбаши самоубијци. Според медиумите, членовите на терористичката организација ДАЕШ се одговорни за нападот.

Слични содржини