Талибанците околу зградата на руската амбасада: Денеска итна средба со амбасадорот

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Рускиот амбасадор во Авганистан, Дмитриј Жирнов, денеска ќе се сретне со талибанското раководство со цел да се осигури безбедноста на руската дипломатска мисија.

Талибанците веќе го обезбедија блокот околу зградата на руската амбасада, потврди специјалниот пратеник на претседателот на Русија за Авганистан, Замир Кабулов, пренесува ТАС С.

– Тие веќе воспоставија безбедност околу блокот што ја опкружува амбасадата на Руската Федерација. Нашиот амбасадор е во контакт со претставниците на Талибанците и ќе се сретне со координаторот со цел да се осигура дека ќе се обезбеди безбедност – потврди Кабулов.

Слични содржини