292
Талибанците планираат да организираат општи избори во Авганистан, што ќе им овозможи на различни локални групи и заедници да гласаат, објави „Ал Џезира“.
Планирано е да се одржат општи избори што ќе опфатат широк опсег на авганистанското општество, наведе телевизијата, пренесувајќи ги зборовите на портпаролот на Министерството за информации и култура на „Исламскиот емират на Авганистан“, како што Талибанците го нарекуваат Авганистан, пренесе ТАС С.
-Се обидуваме да ги вклучиме најшироките сфери на населението, талентирани луѓе кои не се припадници на Талибанците, рекол портпаролот.
Фото: Aftenposten