Талибанците со солзавец ги растераат жените кои ги бараа своите права (ВИДЕО)

од Берта Китинска
248 прегледи

Талибанците пукаа во воздух и фрлаа солзавец против активисти во Кабул кои протестираа во знак на поддршка за правата на жените недалеку од претседателската палата, пренесува „Спутник“.

Демонстрантите рекоа дека насилството започнало откако Талибанците се обиделе да спречат марш на жени во правец на претседателската палата. Талибанците потоа употребија солзавец против жени.

Новинската агенција ТОЛО објави видео на кое се гледа како Талибанците ги спречуваат жените да продолжат со протестите.

Слични содржини