Цивили продолжуваат да пристигнуваат на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, каде од утрово пристигнаа илјадници луѓе кои сакаат да го напуштат Авганистан, пренесува „Анадолија“.
Откако Талибанците ја презедоа контролата врз Кабул, главниот град на Авганистан, многу граѓани се обидуваат да ја напуштат земјата.
Најмалку пет лица загинаа на аеродромот, каде што голем број луѓе се собраа на пистата, поради што американските војници пукаа во воздух.
Сѐ уште не е познато дали жртвите се убиени во пукање што го отвориле американските војници или во стампедото.
Луѓето се во паника откако вчера талибанците влегоа во авганистанскиот главен град Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата и државните институции.
Бројот на цивили кои пристигнуваат на аеродромот се зголемува од час во час. Талибанците се обидуваат да спречат цивили да влезат на аеродромот. Ги затворија влезовите на аеродромот и пукаат во воздух.