Портпаролот на Талибанците Сухаил Шахин во интервју за Би-Би-Си изјави дека контролни пунктови се поставени на аеродромот во Кабул, бидејќи постои страв дека припадниците на ИСИС се обидуваат да избегаат во странство.
Новинарката на Би-Би-Си, Јалда Хаким објави видео во кое портпаролот на Талибанците вели дека припадниците на ИСИС „можат да извршат диверзантски активности на аеродромот“.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека заканата од терористички напад на Исламска држава претставува сериозен ризик за евакуација на илјадници Американци и авганистански сојузници од меѓународниот аеродром во Кабул.
Поради заканата од терористичката група ИСИС за аеродромот и неговата околина, американската војска воспоставува „алтернативни правци“ до аеродромот во Кабул.