Талибанците велат дека не можат да го лоцираат телото на убиениот лидер на Ал Каеда

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Талибанците не го пронашле телото на водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, и продолжуваат со потрагата, изјави во четвртокот портпаролот на групата, Забихула Муџахид, откако САД соопштија дека го убиле во воздушен напад во Кабул минатиот месец.

Соединетите Американски Држави го убиле Завахири со проектил истрелан од беспилотно летало додека стоел на балконот на неговото скривалиште во јули, изјавија американски официјални лица, што е најголемиот удар за Ал Каеда откако беше убиен Осама бин Ладен пред повеќе од една деценија.

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека САД го убиле Завахири во воздушен напад врз Кабул во Авганистан, пренесе „Ројтерс“.

Ајман ал Завахири беше водач на Ал Каеда и висок лидер на исламистичките организации кои организираа и извршуваа терористички напади во Северна Америка, Азија, Африка и Блискиот Исток.

Слични содржини