ТАЛИБАНЦИТЕ ЗАПАЛИЛЕ ЖЕНА ЗАТОА ШТО ЛОШО ГОТВЕЛА: Потресно сведоштво на поранешна авганистанска судијка кој успеала да им побегне (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
160 прегледи

Талибанците наводно запалиле жена поради „лошо готвење“, додека други жени во Авганистан се кријат и наводно се принудени на сексуално ропство.

„Тие ги принудуваат луѓето да им даваат храна и да им готват храна. Жена беше запалена бидејќи беше обвинета за лошо готвење за талибанските борци“, изјави за Скај њуз активистката и поранешната авганистанска судијка Најла Ајуби.

Ајуби избега од земјата кога Талибанците почнаа да преземаат поголема контрола врз Авганистан и рече дека оттогаш добивала повеќе пријави за насилство врз жени. Таа додаде дека исто така слушнала дека многу активистки се кријат поради страв од насилство.

„Има толку многу млади жени кои беа испратени во соседните земји во последниве недели во ковчези за да се користат како сексуални робинки“, рече таа.

„Тие, исто така, ги принудуваат семејствата да ги венчаат своите мали ќерки со талибански борци. Не гледам каде е ветувањето да се мисли дека жените треба да одат на работа кога ќе ги видиме сите овие злосторства“, пишува Фокс њуз.

Жените кои живееле под талибанска власт од 1996 до 2001 година не смееле да посетуваат училиште или работа, можеле да ги напуштат своите домови само во присуство на мажи и морале да бидат покриени од глава до пети.

Слични содржини