341
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска повторно проговори за ненамерната грешка при изведбата на химната.
„Грешката беше ненамерна и уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Верувам дека тоа со тек на времето ќе избледи. Ќе ја истетовирам химната, баш онаа строфа што ја заборавив“, изјави Тодевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ .
За потсетување Тамара на 4 јули минатата годинаа на прием во Американската амбасада ја згреши македонската химна. Оваа погрешна верзија ја има испеано и на фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација со Белгија во Скопје во март 2013 година.