Taмара Тодевска лута поради пласманот на С.Македонија на „Евровизија“

од Берта Китинска
458 прегледи

Северна Македонија се претстави синоќа во првото полуфинале на Евровизија, но за жал не успеа да се пласира во финалето. Во оваа прилика се огласи пејачката Тамара Тодевска, која ја претставуваше С.Макдеонија во 2019 година, кога го освои седмото место.

После Хрватска, која е разочарана и огорчена што нивниот претставник не се пласираше во финалето, македонската јавност има слични коментари заради пласманот.

Тамара Тодевска застана во одбрана на својот колега Васил Гарванлиев, кој оваа година ја претставуваше Северна Македонија, и изјави дека е огорчена што некои го критикуваат неговиот настап. Таа исто така ги критикуваше луѓето што живеат во дијаспората кои не гласаа за Северна Македонија.

„Читав коментари на Фејсбук и Твитер цела ноќ. Некои се пресреќни, други се лути што не се пласиравме во финалето. Здраво! Експертско жири од Велика Британија ни даде 12 поени. Дали знаете кој е Велика Британија? Земјата на Битлси, Ролинг Стоунс, Леде Цепелин. А вие кои не смеете да гласате за одлична песна и уште подобар пејач. Не ја сакате Северна Македонија. виновни ви се политичарите. Наводно ја казнивте Тамара за настапот за Северна Македонија. Дали си нормален? Од утре казнете ги банките во Северна Македонија, не давајте плата, казнувајте ги училиштата и не праќајте ги децата на училиште, казнувајте ги компаниите во кои работите и не одите повеќе на работа. Ја казнувате уметноста за политика “, напиша Тодевска.

Слични содржини