Тамара Тодевска на фестивалот Kenga Magjike беше прогласена за најдобар интернационален артист, откако се претстави со песната „Monsters“.
Во интервју за порталот WiwiBloggs за првпат отворено зборуваше и за скандалот со изведбата на химната на Македонија во Американската амбасада.
„Мислеа дека некој ми платил за да пеам така. Јас настапив без хонорар“, кажала таа во интервјуто.
Пред настапот, го читала текстот на химната на интернет.
„Го измешав текстот и тогаш започна омразата. Толку многу ме мразеа. Тој период кога требаше да бидам среќна поради сè што се случи, да бидам горда на себе, бев затворена во четири ѕида. Се прашував што се случи“, се потсетила таа.
„На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија сè, само по два месеца! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“, додаде Тамара за Wiwibloggs.