Тарантино нема да даде на својата мајка ни цент

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Квентин Тарантино се заколна дека никогаш нема да подели ниту ценат со неговата мајка Кони, бидејќи таа наводно ја обесхрабрила неговата писателска кариера.

Наводно, писателот и режисер е „тежок“ околу 120 милиони долари благодарение на огромните успеси на неговите филмови, вклучително и „Евтини приказни“, „Убиј го Бил“, „Еднаш, едно време … во Холивуд“ и „Неславни копилиња“.

Сепак, тој нема да го сподели своето богатство со неговата мајка, бидејќи таа била „саркастична“ за неговите соништа да стане писател.

58-годишникот во еден подкаст се потсети на пишување сценарија во младоста, вклучително и сценарио наречено „Captain Peachfuzz and the Anchovy Bandit“ кога имал 12 години.

Поради тоа, тој имал проблеми со своите наставници, затоа што мислече дека тој повеќе се фокусира на пишување отколку на учење, а неговата мајка „секогаш имала тешкотии поради неговите неуспеси во училиштето“, бидејќи имал проблеми по сите предмети освен англиски и историја.

„Таа секогаш ми збореше нешто поради тоа … и потоа среде нејзината мала тирада таа рече: „Патем, од оваа мала „твоја писателска кариера“ нема да биде ништо“, рече режисерот, а потоа додаде:

„И кога ми го кажа тоа на тој саркастичен начин, си реков: „Добро, госпоѓо. Кога ќе станам успешен писателк, никогаш нема да видишниту цент од мојот успех. Нема да има дом за вас. Нема одмор за тебе, нема Кадилак за тебе. Мамо. Ништо не добиваш. Затоа што си го кажала тоа“.

Тој истакна дека го одржал зборот, освен во случај кога неговата мајка имала проблем во даночната администрација, но дека тој никогаш не и купил куќа или кадилак.

„Има последици за вашите зборови додека работите со вашите деца, запомнете дека има последици за вашиот саркастичен тон“, рече тој.

Кони городила кога имала 16 години, а таткото на Квентин го напуштил семејството непосредно пред да се роди Квентин.

Слични содржини