Квентин Тарантино ја прекина тишината за несреќата во филмот „Убиј го Бил“ во Мексико во 2002 година, кога Ума Турман, како што рече, замалку ќе го изгубела својот живот.
Откако актерката ја објави снимката, многумина ја преиспитаа улогата на Тарантино. Турман тврди дека режисерот и ја дал снимка за делумно да надомести за нејзиното страдање, изразувајќи „длабока тага за овој тажен настан“, пишува „Unilad“.
„Ума и јас разговаравме за тоа и долго размислувавме како да го сториме тоа. Јасно е дека знае што се случило во таа сообраќајна несреќа по сите овие години“, рече тој, присетувајќи се на настанот.
Тој го опиша настанот од неговата перспектива.
„Дојдов таму среќен и ѝ реков дека таа може да го стори тоа, дека патот е прав и дека нема да има проблем, а нејзината реакција беше „ОК“. Бидејќи ми веруваше. И реков дека ќе биде во ред. И кажав дека ќе биде безбедна, но не беше така. Не бев во право. Не ја натерав да влезе во автомобилот, таа влезе, бидејќи ми веруваше.
Ја снимивме сцената. И таа се судри. На почетокот никој не знаеше што се случило. По несреќата, кога Ума беше префрлена во болницата, почувствував непријатност поради тоа што се случи.
Откако ја погледнав нејзината борба со воланот … и сечавајќи се дека и кажував дека е безбедна и дека го може тоа, истакнувајќи дека патот е рамен … и фактот дека таа веруваше … беше поразувачки. Ова е нешто за кое жалам најмногу во мојот живот“, заклучи тој.