Тарантино сака да му ја даде последната улога на Брус Вилис

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Квентин Тарантино наводно сака да му ја даде улогата на Брус Вилис, која би била последна на славниот актер, кој веќе се повлече од актерството поради болест.

Претходно оваа година беше потврдено дека на ѕвездата на „Умри машки“ и била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, невообичаена форма на болеста што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот.

Ова доаѓа откако на Брус Вилис претходно му беше дијагностицирана афазија, поради што актерот мораше да се повлече од својата професија.

Сепак, „Дејли експрес“ сега пишува дека Тарантино, кој го подготвува својот следен филм „The Movie Critic“, би го сакал Вилис за мала улога во филмот. Двојката претходно работеше заедно на „Pulp Fiction“.

Иако Тарантино, наводно, не допрел до семејството на актерот, тој планира да ги испочитува нивните желби ако кажат дека Вилис не е премногу добро за да учествува и дека наместо тоа би можел да вметне клип од некој од претходните филмови на актерот во филмот.

Тарантино на почетокот на годинава откри дека „The Movie Critic“ ќе се врти околу новинар кој е критичар zа порно списаниe. Приказната е сместена во Јужна Калифорнија во 1977 година. Главниот лик е базиран на реален филмски критичар за порнографско списание, кое режисерот го читал додека растел, пишува NME.

Слични содржини