Таравари: Ако Села се кандидира за лидер на АА ќе ја добие мојата поддршка

од Берта Китинска
248 прегледи

Алијанса за Албанците на 27 март ќе одржи изборен конгрес на кој ќе се одлучува за лидерството во претстојниот четиригодишен период.

-Ако Села се кандидира јас нема да се кандидирам и тој ќе ја има мојата поддршка, но ако не се кандидира може и да размислам. Со Села имаме одлична соработка, вели за Утрински Брифинг, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Алијанса за Албанците во декември одржа Централно Собрание на кое беa разгледувани на резултатите од одржаните локални избори, како и формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес.

Претседателот на партијата, Зијадин Села, во изјава за медумите тогаш најави дека редовниот изборен конгрес партијата треба да го одржи на 27 март, , на кој ќе се одлучува за лидерството во претстојниот четиригодишен период.

-Секогаш во Алијансата за Албанците со зборува отворено, се критикува отворено. Од овој процес се надевам дека секој член добро ќе ја сфати лекцијата и при организирање на новиот конгрес ќе излеземе уште посилни, кажа Села.

Слични содржини