Таравари: Бараме како што беше во Југославија, македонскиот и албанскиот да се рамоправни јазици

од Берта Китинска
160 прегледи

В.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

– Овој пакет на мерки што ќе го дадеме ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Секако, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ја отстраниме квотата 20 остсто Албанци во Уставот. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми – посочи Таравари.

Слични содржини