Таравари: Добро би било уставните измени да се донесат на 9. мај, но и 15. септември е разумен датум

од Nikola Popovski
270 прегледи

Јасно сме кажале – ако некој не е подготвен да го продолжиме европскиот пат на Македонија, ние не сме тука. Тоа е предуслов. Јас не велам веднаш за 10 дена, но да имаме одреден лимит и одредени гаранции од меѓународниот фактор дека тоа ќе се случи, вака денеска одговори кандидатот за претседател, Арбен Таравари, запрашан дали неговата партија и албанската здружена коалиција ќе прифатат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, доколку победи на изборите, иако партијата засега е против внесување на Бугарите во Уставот, барем во овој формат на преговарачката рамка на земјата со ЕУ.

Таравари додаде дека ова е став на сите политички партии на Албанците.

-Немаме друга алтернатива и не сакаме да ни се повтори Букурешт 2008 година и да талкаме уште 10 години во место. Тоа не е добро ниту за Македонците, ниту за Албанците, ниту за Турците кои што живеат тука, рече Таравари.

-Јас би посакал уставните измени да се донесат на 9-ти или 10-ти мај, но и 15-ти септември е еден разумен датум да се случат и да ги продолжиме преговорите, бидејќи тоа е доброто за сите кои живеат тука. Без добар надзор во државата, повторно ќе се вртиме во круг, потенцира претседателот на АА и градоначалник на Гостивар.

Слични содржини