261
Додека е ДУИ е на власт, Македонија нема да оди напред на ниту едно поле, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и генерален секретар на Алијанса за Албанците, кој гостуваше во утринска на Телма.
-Некако пред избори се затвораат очите, се знае дека инструментот на ДУИ за победување на изборите се бандите и тоа е јавна тајна, вели Таравари.
За новиот министер за здравство вели дека го познава. Тој е фантастичен како човек, вели Таравари, но не знам како ќе се снајде како министер, сепак додава дека треба да му се даде шанса.