Таравари и Рама разговара за продолжување на европскиот пат на С.Македонија

од Destan Jonuzi
176 прегледи

Делегација предводена од в.д. претседателот на Алијансата за Албанците (AA) Арбен Таравари, во придружба на г-дин Исен Шабани – градоначалник на општина Врапчишти и Илире Даути – пратеничка во собранието на РСМ, беше примена од претседателот на Владата на Република Албанија – Еди Рама.

На почетокот на средбата, му честитаа на премиерот Рама за лидерството што го покажа Република Албанија на меѓународно ниво како претседавач на ОБСЕ и како членка на Советот за безбедност на ОН, каде Тирана има одлучувачка улога во разни меѓународни резолуции против руската агресија врз Украина.

Претседателот Таравари изрази уверување дека ова лидерство сега се потврдува со организацијата на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион, што не прави горди како Албанци.

На средбата беше изразена и безрезервната поддршка што Алијансата за Албанците ја дава на иницијативата на албанската држава во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде се бара ревизија на Резолуцијата 1782 од 2011 година.

Делегацијата на АA му искажа благодарност на албанскиот премиер за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучително и примерната солидарност со Северна Македонија на заедничкиот пат кон Европската унија, каде што двете земји досега работеа во пакет.

Други прашања од посебен интерес за кои се разговараше на оваа средба беа уставните измени што се очекува да се случат во Република Северна Македонија, со цел продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија.

Други прашања од посебен интерес за кои се разговараше на оваа средба беа уставните измени што се очекува да се случат во Република Северна Македонија, со цел продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија.

Претседателот Таравари го запозна премиерот Рама за незадоволаството на АА за прогресот на владата во Скопје во завршувањето на регионалните инфраструктурни врски на транспортот, барајќи негов ангажман за календарско и финансиско консолириање во областа на културата со цел создавање на сенасенародни проекти во регионот, како и за создавање на Албанска дигитална библиотека.

Д.Ј.

Слични содржини