44
Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од рано утринава вршат надзор во болницата Козле и на Детската клиника во Скопје, по смртта на 14-месечно дете, кое претходно било одбиено за хоспитализација на Детската клиника. Министерот за здравство, Арбен Таравари, потврди дека инспекторите веќе се на терен за да го истражат случајот.
„Утрово имав состанок со директорот на Инспекторатот, а инспекциската екипа веќе е на терен,“ изјави Таравари.
Тој додаде дека е формирана комисија која од 9 часот е во двете болници во Скопје, каде се собираат сите факти и аргументи во врска со случајот.
„Некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, рече Таравари.