Таравари избран за нов потпретседател на Алијансата за Албанците

од Берта Китинска
186 прегледи

Арбен Таравари избран за потпретседател на Алијанса за Албанците на вчерашниот состанок на претседателството на партијата, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Како што наведуваат од партијата, со новите промени во партиската организација Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател, а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари и наведуваат дека останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството.

На вчерашниот состанок на Алијанса за Албанците одлучено е конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

„Го охрабруваме секој кој верува дека ги има соодветните вештини и визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот“, рече претседателот на АА, Зиадин Села во пресс конференцијата по состанокот.

Слични содржини