Таравари ја нарече Арсовска „промашена инвестиција“ и не се согласи со разрешување на градоначалници

од Nikola Popovski
41 прегледи

Членот на ВЛЕН и екс-градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари не се согласува со предлогот од ЗЕЛС за разрешување на градоначалници. Вели дека градоначалниците се избираат непосредно од народот.

-Целта е да рационализираме и да нема локални избори во декември или јануари, па октомври повторно идната година. Сметам дека мандатот на градоначалницит може да им го земе само тој што им го дал – во случајов тоа е народот и само тој може да го одземе. Има случаи кога некои градоначалници не функционираат како што треба, иако се избрани од народот, рече Таравари.

За скопската градоначалничка Данела Арсовска, актуелниот министер за здравство вели дека е „промашена инвестиција“.

-Народот никогаш не греши, дури и кога ќе избере некој кој што не е како што треба. Треба да има политичка одлука околу разрешувањето на градоначалниците, додаде членот на коалицијата ВЛЕН.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓеорѓиевски, викендов истакна дека лично тој, поддржува законски измени за промена на градоначалник, бидејќи, како што кажа, преголема е моќта на градоначалниците, а скопјани се заложници на Арсовска.

„Прво јас би поддржал такво нешто. Поаѓам од себе, јас сум градоначалник, јас кажувам дека преголема е моќта на градоначалниците, на оние коишто ги водат општините, но пред сè, сите сме избрани од граѓаните. Се почнува и завршува со граѓаните. Мора да има механизам, по којшто механизам ќе може и порано да одлучи некој за вашиот мандат“, рече Ѓеорѓиевски.

Слични содржини