391
Јас мислам дека ќе бидат повеќе од 61 пратеник. Но како и да е, да причекаме до четврток. Секој си има свој став и ние не можеме да се мешаме на некого каде му е потписот. Со неколку пратеници се преговара и јас мислам дека ќе падне владата со 62 пратеници. Ќе видиме, за брзо е денот, вели генералниот секретар на Алијанса на Албанците во интервју за Гласот на Америка, Арбен Таравари, за најавената интерпелација на владата во четврток.
Според него, „ова е моментот кога може да се собори Ахмети, а потоа за формирање на нова влада, ќе видиме какви услови ќе има“.
-Нема што да има нов заплет. Нема што да се случи ново. Единствено што може да се случи е да си отиде оваа влада. Тоа е, нема друго што да се случи, смета Таравари.