До крајот на годината решение ќе добијат 1.100 вработени по договор на дело во здравството, рече на денешната собраниска седница министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска. Таа праша зошто се отпуштени економски директори, и не се вработуваат медицински сестри, иако во здравствените институции има потреба.
Таравари вели дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за шест месеци да се изгради Клинички центар.
Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.
– 600 специјализанти ќе бидат вработени, 300 оваа, 300 наредната година, рече Таравари.
Во однос на економските директори, министерот рече дека пратеничката не реагирала во 2017 кога тој бил дел од Владата и тогаш разрешувале.
Таравари ја повика Тоска да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болницата во Тетово, Гостивар…