Таравари: Македонскиот јазик не би сакал да се нарекува славомакедонски јазик

од Берта Китинска
269 прегледи

Јазиците се богатство и јас немам проблем да ги информирам граѓаните на три јазици. Тоа не ми пречи. Македонскиот јазик не би сакал да се нарекува славомакедонски јазик, кажа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во гостувањето во Канал 5 на „Само интервју“, говорејќи за состојбата со јазиците и евентуалните уставни измени.

Како што истакна тој, некои работи му пречат во однос на македонскиот јазик за тоа како е третиран.

-Мене тоа ми пречи. Покажуваме емпатичност за народот и тој јазик треба да се третира како македонски јазик. Исто го мислам и за албанскиот јазик, вели Таравари.

Слични содржини