Говорејќи во „Клик Плус“ на ТВ21 за последните случувања во оваа коалиција и коментирајќи ја својата изјава дека сите во ВЛЕН комуницираат со ДУИ, Арбен Таравари рече дека Изет Меџити има комуникација со Муса Џафери од ДУИ.
„Сакам да бидам искрен до крај. Да ѝ објаснам на јавноста до крај. На пример, господинот Меџити има комуникација со многу луѓе во ДУИ. Ако не со Али Ахмети? Има со Муса Џафери. Или со Фатмир Дехари. Или со некој експонент. И нашите пратеници во Собранието имаат комуникација. Верувам и тие од Беса, не се изолирани. Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители и каде што има 120 пратеници во Парламентот тоа е нормално, ќе има комуникација“, изјави Таравари во „Клик Плус“ на ТВ21.