269
Во рамки на своето гостување во „Утрински брифинг“, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се осврна пред се на бројот на заразените лица од Ковид 19.
„Во сите градови е исто. Луѓето помалку внимаваат, очекуваат да се вакцинираат и дека со тоа ќе се заврши работата со Ковид 19. Комисијата за заразни болести, требаше да донесе превентивни мерки пред третиот бран, и сметам дека оваа мерка е задоцнета. Објекти како казина кои работат постојано се отворени работат, а од друга страна се воведува полициски час. Мислам дека нашето министерство за здравство ги копираат колегите од Србија. Луѓето веќе се изморени од оваа ситуација. Оттаму МЗ и Комисијата треба да донесат мерки кои не мора да бидат копирани од другите“, истакна Таравари.