Таравари: Мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени

од Илинка Илиоска
543 прегледи

Многу се јасни пораките од Фон дер Лајен, кои мислам дека порано требаше да дојдат. Друго е кога ќе дојде првиот човек на ЕК. Пораката беше јасна ние сме добредојдени да ги започнеме преговорите, но условот е тој да ги направиме измените во Уставот, многу легитимно од премиерот кој бара гаранции. Ни се даваат гаранции од 2018 и 2019 година, потребни ни се посериозни гаранции, Изјави Арбен Таравари во емисијата „Вин вин“ на телевизија „Телма“.

„Сто проценти гаранции и да има не се сигурни, ја мислам Македонија по сите пропусти кои ги направи во минатите 30 години најпрвин со Грција, сега со Бугарија, Македонија заслужува потврда од Брисел и Вашингтон да не се бара нешто додатно, и мислам дека заслужуваме по 2018 година, да имаме 100 процентна увереност во Владата. Бидејќи релативно е стабилна Владата со добро мнозинство, доколку имавме во Бугарија една стабилна Влада како во Македонија веќе ќе беа започнати преговорите заедно со Албанија“ изјави Таравари.

„Ајде да бидеме искрени до крај, вопшто проблемот не е дали Бугарите ќе бидат во Уставот, тоа не е проблем ние бевме за Египќаните и Хрватите да бидат во преамбулата Тоа не е пречката, пречката е историскиот проблем помеѓу Бугарија и Македонија. И тука е целата работа која не оди како што треба и оневозможува преговорите да се случат. Јас мислам дека по изборите во Бугарија и изборите САД, мислам дека ќе се изнајде решение кое ќе биде излез на Македонија од овој ќорсокак. Јас мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени“ потенцираше Таравари.

Тој додаде: „Најголемиот страв за мене како политичар во изборите пред 24 април и 8 мај да не ни се повтори Букурешт, да не ни се повтори 2008 година, а сега мојата интуиција, сигурен сум дека господинот Мицкоски е западноориентиран, и тој сака да изнајде решение и е доста заинтересиран Македонија да не остане во групата со БиХ и Косово.“

Слични содржини