227
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјавил дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20% од населението.
„Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто“, потенцирал тој.
Според Таравари, можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива.
„Мицкоски јавно се извини за 27-ми април и дека тоа е голема порака“, истакнал генералниот секретар на АА, дополнувајќи дека барањето за техничка влада е со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.