Кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, реагираше на најновиот извештај на „Фридом хаус“ за земјава. Според него, извештајот е вознемирувачки и вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години.
-Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани, порачува Таравари.
Тој нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.
-Истото ВРЕДИ да се прави и на државно ниво. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација, кажа претседателскиот кандидат.
„Фридом Хаус“ го објави најновиот извештај. Македонија, заедно со Србија изминатава година имала најголемо назадување на Балканот. Политичка поларизација, недоволна борба против корупцијата, неказнивоста, дополнително поттикната од измените на Кривичниот законик. Ова се само дел од забелешките за земјава, којашто е оценета како цикличен хибрид.