Таравари најави проект кој поминал на Влада за намалување на загадувањето на воздухот

од Nikola Popovski
79 прегледи

Проблемот со загадувањето е огромен проблем и во сите градови, особено во Скопје. Ние како Министерство за здравство се обидуваме да изнајдеме некакво решение што помалку да биде загадувањето, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари пред настанот на „UNPD“, на кој ќе се презентираат резултатите од истражувањето за квалитетот на воздухот во затворени простории во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Таравари најави нов проект кој треба да стапи на сила наредната година.

-Затоа веќе имаме проект кој помина на владина седница и до крајот на идната година треба да се стави во употреба. Се работи кај 10 болници каде што греењето ќе се замени од стандардно со мазут и нафта и ќе бидат вклучени начини на греење кои што нема да го загадуваат воздухот. Се надевам дека проектот ќе помогне многу, информира министерот за здравство.

Настанот се организира во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање , како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти.“

Специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „Ај-Кју Ер“ моментално го рангира Скопје на 9-то место во светот според загаденоста на воздухот со индекс од 137, а на второ место во Европа.

Пред Скопје се само Лахор, Делхи, Ташкент, Каиро, Сараево, Киншаса, Мумбаи, Техеран, Пекинг, Ханој, Вухан и Доха.

Од европските градови во листата на топ десет најзагадени градови се најдоа и Будимпешта, Милано и Виена, додека, пак, останатите два града се Мумбаи и Ханои.

Слични содржини