Таравари најавува дека ќе ги забрани коцкањето и брзите кредити

од Nikola Popovski
203 прегледи

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари вели дека денеска бил соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено околу, како што вели, коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој истакна конкретни мерки кои планира да ги преземе доколку како коалиција ВРЕДИ станат дел од новата Влада.

-Имав средби со граѓани, мали и средни бизниси. Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа ѝ наштетува на економијата на граѓаните на Струга. Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Северна Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата, рече меѓу другото Таравари при посетата на Струга.

Слични содржини