В.д. претседателот на Алијанса на Албанците (АА), Арбер Таравари денеска информира дека со премиерот Димитар Ковачевски разговарале за европскиот пат на Македонија, како и за борбата против корупцијата и функционирањето на правната држава.
-Исто така зборевме и за блокираните закони, што се однесува до европски закони, кои Алијанса цело време ги поддржуваше и ќе продолжи да ги поддржува. Немаме отворено разговори за влез во Владата, но кога ќе имаме ќе го кажеме тоа и ќе бидеме траснпарентни, нема што да се крие. Официјално и неофицијално се уште не добивме понуда. Ако имаме тоа ќе го кажеме. Преговараме, рече Таравари како одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека АА е сериозна партија и имаат членство и партиски тела кои одлучуваат.
-Ако има преговори, на крај ќе одлучат партиските тела и членството на партија. Не ја отфрлам опцијата за преговори во Влада, но засега немало преговори, истакна претседателот на АА.
-Ако започнеме ќе имаме наши црвени линии кои што би биле неопходни, додаде Таравари.