Таравари: Не се дискутира за обединување со Села

од Milan1
54 прегледи

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на почетокот на работите на Собранието на партијата, изјави дека ќе се обидат да најдат решение во коалицијата ВЛЕН. Истовремено негираше соработка со Села.

„Ќе се обидеме  да најдеме решение заедно со ВЛЕН-от, ако не, имаме опција да одиме сами на избори“, рече Таравари.

Таравари негира дека има намери за повторно обединување со Зијадин Села, јавува ТВ21.

„Не, не, не! Не, нема такви тенденции, ниту пак се дискутира за тоa“,  одговори Таравари.

Таравари изјави дека се сретнал со Изет Мехити пред четири дена и дека вчера случајно се сретнал со Али Ахмети на состанокот со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Тој рече дека, без разлика на политиките, сака да одржува контакти со секој албански и македонски политичар, освен со Димитар Апасиев од „Левица“.

 

 

Слични содржини