Таравари: Онколошка терапија ќе има најдоцна до четврток, време е и нашата држава да инвестира во превентивни програми

од Milan1
22 прегледи

Министерот за здравство Арбен Таравари, во 24 анализа рече дека биолошката терапија која недостасува на Онкологија ќе биде достапна до крајот на оваа недела. За недостигот на лекови, Таравари изјави дека не чувствува политичка одговорност. Тој за „Тв 24 најави“ и дека од оваа година ќе се зголеми капитацијата за матичните лекари од 75 на 100 денари.

„Количината на биолошката терапија годинава беше повеќе од минатата. Лекови имало повеќе од минатата година, меѓутоа побарувачката на пациентите е порасната. Без да направиме регистар на пациенти кои се третираат нема да имаме точна предвидливост за идната година затоа и ни се случува овој момент, се случува неколку пациенти да не може да се третираат“, изјави Таравари.

Според него, за да се намали бројот на луѓе заболени од некаков вид на карцином потребно е да се работи превенција.

„Со зголемувањето на капитацијата кај матичните лекари, ќе побараме од нив да работат на превентивни. Значи ако е ризична група за карцином на дојка жена од 40 или 50 години, ќе бараме тие да инсистираат сите жени во таа категорија да одат на контрола, исто и за канцерот на простата кај мажи од 40 до 50 години“, рече министерот и додаде дека редно време е и нашата држава да инвестира во превентивни програми.

Слични содржини