Таравари: Оставката на Филипче е готова работа, треба да се стават нови луѓе во министерството

од Берта Китинска
205 прегледи

Според гостиварскиот градоначалник и поранешен министер за здравство, д-р Арбен Таравари, оставките на Филипче и другите функционери околу овој случај се „готова работа“ и оти треба само да се стават на седница и да се изгласаат.

„Ние сме дефокусирани во моментов. Не зборуваме за пожарот, туку за моралниот чин на оставките. Тоа е готова работа. Треба да се стават на седница и да се стават нови луѓе во министерството и здравствената установа во Тетово, изјави Таравари. Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови“, рече Таравари во дневникот на телевизијата Сител.

 

Слични содржини