Таравари: Починатото бебе било враќано на домашно лекување

од Nikola Popovski
28 прегледи

Одговорност за смртта на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника мора да има, доколку се утврди вина – вели министерот за здравство, Арбен Таравари. Потврди дека иако детето имало тешка респираторна инфекција, неколку пати било испраќано на домашно лекување без да добие соодветен третман на Детската клиника. Таравари вели, истражните органи треба да откријат дали тоа било грешка или незнаење на докторите.

„Да, вратено било за жал. Дали по грешка или незнаење, треба да се констатира. Не сакам јас да бидам судијата што ќе кажува денеска како треба да се постапи. Заедно со ДСЗИ ќе формираме комисија и веднаш ќе постапат ќе ги земат сите детали предвид и на крај ќе се донесе одлука. Ќе се даде на судските органи и понатаму ќе се донесе конечно решение како треба да се постапи. Меѓутоа лична одговорност мора да има“, изјави Таравари.

14-месечното бебе почина на Детската клиника од тешка респираторна инфекција откако било пренесено од болницата во „Козле“ со отежнато дишење и засегнати витални функции. Лекарите не успеале да го спасат и смртта настапила неполн час по приемот.

Слични содржини