Таравари работата на владата ја оцени со два минус

од Берта Китинска
201 прегледи

„Оваа Влада ако има оценка од 1 до 5, јас би дал 2 минус. Му верував на Заев на почетокот. СДСМ само за 6 месеци се претвори во екс-ВМРО-ДПМНЕ. вели Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во Студио 10.

– Од 2006 до 2016 година не сум слушнал да се прават такви притисоци во некоја општина како што е тоа во Гостивар. Толку често доаѓаат различни инспекции. Гостиварци се исто како сите други граѓани во државата, и заслужуваат дел од Буџетот. Последната инвестиција од ТАВ, Гостивар е единствена општина во Македонија каде не е доделен ниту еден денар, на единствената урбана опозициска општина“,  вели Таравари.

На прашањето дали ќе влезе во трка за втор мандат Таравари, рече дека бројките го принудуваат повторно да се кандидира за градоначалник на Гостивар.

Слични содржини