Таравари: Разочаран сум што Влен од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

од Milan1
73 прегледи

На првата годишнина од владата на Мицковски се огласи и Арбен Таравари кој како лидер на алијансата на Aлбанците беше дел од владиниот коалиционен партнер Влен но пред еден месец ја напушти владата и министерската функција во здравството и премина во опозиција.

„Денес, на 1-годишнина од владеењето на триото ВМРО-ЗНАМ-ВЛЕН, не можам да не изјавам со разочарување дека ВЛЕН од прекрасен проект брзо се претвори во неуспешен обид… Промената не значи промена на имињата на партиите туку на нивниот менталитет! Сепак, сите сме на време ако сме на вистинското место затоа ја повикувам секоја партија да се здружи со силата на народот и со своите права! Еве го октомври кој е блиску, многу блиску!“, напиша Таравари.