Таравари се сретна со германската амбасадорка Дрекслер, во фокус уставните измени

од Radmila Tasevska
309 прегледи

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја Петра Дрекслер.

Таравари и Дрекслер на средбата, како што информира Алијанса за Албанците, разговараа за политичките процеси во нашата земја, со фокус на уставните измени со цел отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

– На средбата во Германската амбасада беше истакната заложбата на Алијанса за Албанците за Северна Македонија и Албанија заедно да го продолжат својот пат кон Европа, се вели во соопштението.

Таравари, како што се наведува, и се заблагодари на амбасадорката Дрекслер за континуираната поддршка што Германија и ја дава на Северна Македонија за зачленување во Европската Унија.

Слични содржини