Таравари се сретна со холандскиот амбасадор Коп

од Radmila Tasevska
292 прегледи

Во низата консултативни средби со амбасадорите на сојузничките земји, лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денеска беше пречекан од амбасадорот на Холандија во Скопје, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Во фокусот на средбата беше патот на Северна Македонија кон ЕУ, забрзувањето на реформите, со посебен акцент на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Се согласија дека Северна Македонија мора да покаже поголема политичка волја за суштински реформи во правниот сектор и зајакнување на антикорупциските институции.

Претседателот Таравари ја истакна заложбата на Холандија во зајакнувањето на демократските процеси во Северна Македонија, како и континуираниот директен и конструктивен пристап на амбасадорот Коп.

Слични содржини