Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по лидерската средба изјави дека тие како партија се за отворање на Уставот и внесување на другите заедници во Уставот. Но со неговото отворање да се отстране и „20%“ за Албанците и Албанскиот јазик. Тој додаде дека сограѓаните Македонци треба да ги разберат Албанците за ова, како што ги разбираат Албанците кога станува збор за нивниот јазик, кој го оспоруваат Бугарите.
– Отворањето на уставот мора да се случи бидејќи Северна Македонија нема друга алтернатива. Воведувањето Бугари не го нарушува идентитетот на државата. Оваа можност за отворање овозможува и отворање на други прашања, како што е отстранувањето на 20 проценти за дефинирање на Албанците и Албанскиот јазик. Албанците отсекогаш биле на страната на Македонците кога станува збор за јазикот, така што и овие вториве треба да ни помогнат на реципрочен начин, изјави Таравари.