Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари потенцира дека во градот има 500 активни случаи и 70 починати лица, како и дефицит од слободно место во инфективното одделение. Имено се подготвува капацитетот во општата болница и има недостиг од маски и хигиенски материјал, посочи во своето интервју во Студио 10 Таравари.
„Нема волшебно стапче со кој може да се стопира овој број. По вакви бројки се добива впечаток дека некаков колективен имунитет ќе се добие до крајот на јануари. Бројот на починати е голем и треба да се внимава.“ – истакна градоначалникот.
Кризната состојба како што вели, требаше да се донесе порано и посочи дека во вакви ситуации треба да се донесат одлуки кои ќе се почитуваат од приватните клиники. Според Таравари поради пренатрупаноста од Ковид пациенти, вели дека не се третирани останатите пациенти. Тие во овој период треба да бидат дел од здравствениот систем и сите капациетети да се обединат зошто ситуацијата ќе потрае уште неколку месеци.
„Мислев дека кризната состојба ќе ги принуди по дифолт да го прифатат тоа што се донесуваат одлуки, а не да се преговара со нив.“ – посочи Таравари.
Таравари вели и дека со овие бројки треба да се размисли за полициски час, но прашањето е дали ќе се издржи економски. Тој смета дека со карантин сигурно ќе се намалат бројките, што се покажало успешно во поглемите земји, но кај нас нема такви капацитети.