Таравари: Со Села во ВЛЕН ќе имавме 10 илјади гласови повеќе, уставните измени ќе се спроведат

од Nikola Popovski
990 прегледи

Членот на ВЛЕН и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вчера истакнал дека доколку Алијанса за Албанците не се поделела пред изборите, денес можеби здружената албанска коалиција заедно со Зијадин Села ќе имала 10 илјади гласови повеќе.

„Жал ми е кога гледам како политичар кој 10 години ги критикуваше Али Ахмети и ДУИ, како Зијадин Села, денес е секогаш покрај лидерот на ДУИ. Колку сме соработувале со господинот Села, сме го слушнале и сме му верувале. Гарантирам дека доколку господинот Села беше со нас на овие избори, веројатно ќе имавме 10.000 гласови повеќе“, рекол Таравари во емисијата „Клан дебата“.

Како што додал, уставните измени и внесувањето на Бугарите во Преамбулата ќе се спроведе, но тоа е постапка која бара време. Истакнал дека не сакаат временски ограничувања, но започнатите работи ќе бидат завршени.

„Ќе се обидеме што побрзо да ги направиме уставните измени. Не можеме да се ограничуваме на шест месеци, ако се има во предвид дека 20 години го чекавме Али Ахмети за влезот во НАТО или за патот Скопје-Блаце“, изјавил Таравари.

Слични содржини