Таравари: Тука постои албанофобија и бугарофобија, а српското влијание има улога во тоа

од Nikola Popovski
179 прегледи

Во мојата програма за претседателските избори, во делот на безбедност сум напишал дека има огромно српско влијание во македонското општество. Не треба да ги затвораме границите, но феноменот на „југословенизација“ на Македонија е штетен. Имаме одредени структури во државата и АРМ и во безбедносните структури кои се многу поврзани со Белград и тоа не е добро за Македонија, изјави вчера претседателскиот кандидат Арбен Таравари.

Според него, земјата треба да има соработка со сите соседи, но да има и баланс.

-За жал во Македонија постои албанофобија и бугарофобија во сите изминати 20-30 години. Српското влијание во земјата е токсично за целата држава. Ако анализираме трезвено, ние имавме спор со Грција, но никогаш немаше фобија кон Грците. Ова што се случува со Бугарија… Порано многу луѓе одеа таму на одмор и имавме добри односи. Сепак, не велам дека тие се во право и погрешно е што го пречат евроинтегративниот пат на Македонија. Мислам дека и Софија има вина, но врз делот со таа сензитивност кај Македонците спроти Бугарите, влијае и српското влијание. Српската држава има големо влијание и во Црна Гора, рече меѓу другото Таравари во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини