3,8K
Од понеделник здравствените установи ќе немаат економски директори. Ова денеска го најави Арбен Таравари, предложен за нов министер за здравство од редовите на Вреди. Тој кажа дека најголем дел од економските директори се вршители на должност и тие ќе ги тргне уште на неговиот прв работен ден како министер, а за останатите ќе поднесе закон до Собранието.
„Понеделник ако ја преземам функцијата 90% од економските директори кои се в.д. ќе бидат веднаш разрешени, освен тие што имаат решенија. Ќе имаме веднаш предлог за закон до парламентот за да се смени законот и да не постојат веќе економски директори“ – Арбен Таравари, коалиција Вреди