Претседателот Арбен Таравари, за време на неговиот престој во Обединетите Арапски Емирати, ја посети Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, каде што беше пречекан од амбасадорот г. Абдулкадер Мехмеди.
„Со амбасадорот Мехмеди разговаравме за воспоставување соработка помеѓу нашата држава и ЕБА, како во областа на информатичката технологија, трговската размена и друга развојна соработка во интерес на нашата земја“, нагласи Таравари.
Инаку, градоначалникот Таравари во Обединетите Арапски Емирати е придружуван од претседавачот на Советот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, додека во Емиратите престојува на покана на Омар Султан Алома, државен министер за вештачка интелигенција.
Таравари и Лимани учествуваа на „Светскиот владин самит 2023“, од каде ја искористија можноста да се сретнат со различни личности.