Таравари: Во мојот кабинет има мали знамиња од околу 20 држави меѓу кои и албанското

од Nikola Popovski
489 прегледи

Мислам дека мисли многу на конспирациски начин. Не ми се допаѓаат тие параноидни идеи – ние се знаеме девет години, рече министерот за здравство и член на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари откако вчера беше обвинет од неговиот поранешен сопартиец Зијадин Села дека под директива на премиерот Христијан Мицкоски придонел за поделба на Алијансата на Албанците.

-Не му прилега тоа. Јас останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, додека г-динот Села седна во скутот на г-динот Ахмети, додаде министерот.

На прашање за поставеното албанско знаме во неговиот министерски кабинет, Таравари изјави дека во неговиот кабинет официјално има две знамиња, а мали знамиња има околу 20 на број од други држави.

-Меѓу нив и албанското знаме, кажа министерот одговарајќи на новинарски прашања.

Вчера во објава на Таравари на социјалните мрежи, можеше да се види дека во неговиот кабинет има место само за албанското, американското и знамето на ЕУ, но без македонското знаме.

Употребата на знамињата беше едно од главните прашања кои ВМРО-ДПМНЕ често ги покренуваше во јавноста и ја напаѓаше СДСМ. На првиот скандал во новата Влада, кога не беше поставено македонското знаме се огласи и Максим Димитриевски од ЗНАМ, заканувајќи се дека ќе ја напушти Владата ако повторно се случи ваков инцидент. Но, тогаш и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и Таравари жестоко реагирааа, порачувајќи му дека изборната кампања е завршена, на што ЗНАМ повеќе не искоментира.

Слични содржини