Таравари: Во РCM повеќе нема правна сигурност и независна правда!

од Radmila Tasevska
148 прегледи

На прес-конференција в.д.претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари оцени дека државата капитулирала пред криминалот и корупцијата поради примерот со ослободувањето на осудените за случајот со масовното прислушкување на граѓаните.

Тој ги посочи основните судови дека даваат основа заробеното судство да ослободува осудени лица.

-Правдата во агонија, државата капитулира пред криминалот и корупцијата. Враќањето на нула на случајот Мијалков за масовно следење на граѓаните на земјава е најдобар доказ за тоа. Оправдувањата дека во првиот степен се направени отстапки само ја докажува организираната криминална мрежа во правдата, каде основните судови намерно прават отстапки за да му дадат алиби на Апелацискиот суд да ги поништи одлуките. Тоа го овозможува судството, заробено од владејачките партии и криминализирано до срж. Во РCM повеќе нема правна сигурност и независна правда, истакна Таравари.

Слични содржини