Таравари: За 10 дена ќе пристигнат 11.000 вакцини за ковид-19

од Илинка Илиоска
38 прегледи

По препораките на Комисијата за заразни болести, граѓаните да се вакцинираат, министерот за здравство Арбен Таравари информира дека идната недела ќе стигнат 11.000 вакцини против ковид-19. Вакцина пожелно е да примат постарите лица над 65 годишна возраст и хронично болните лица.

„Од донација, најдоцна за 10 дена ќе стигнат 11.000 вакцини против ковид-19. Очекуваме пратка и од Европската комисија која спроведува набавка за сите земји членки на Европската унија“, кажа министерот Таравари денеска при увидот на градежните работи на центарот во аутизам во Ѓорче Петров.

КЗБ исто така препорача превентивно во здравствените установи да се користат маски и да нема чести групирања во затворени простории. Да се води сметка и за личната хигиена и да не избегнува контакт со заразено лице.

Слични содржини